Малку над 25 илјади Македонци добиле бугарско државјанство во последните 5 години, покажува истражување на бугарскиот дневен весник „Монитор“. Од администрацијата на бугарскиот претседател за весникот велат уште дека и покрај пандемијата се набљудува зголемен интерес за добивање на бугарско државјанство.
Според податоците објавени од „Монитор“ во текот на минатата година 18,846 луѓе добиле бугарско државјанство, а од нив најголем е бројот на граѓани на РС Македонија. Малку над 9000 Македонци од 2020 г веќе се и бугарски државјани. Следни на списокот се државјани на Украина, Молдавија, Србија и Албанија.