Над 18 илјади лица останале без работа поради кризата предизвикна од Ковид-19. Половина од нив успеале да ја искористат државната парична помош за престанок на работното место. Од Aгенцијата за вработување велат дека заклучно со јануари бројот на невработените надминал 250 илјади граѓани.
– Advertisement –
„Во агенцијата за вработување на Р. Северна Македонија со состојба на 31 јануари 2021 година, евидентирани се 158.681 активни баратели на работа, и 90,293 други лица кои бараат работа односно пасивни баратели на работа“, рече Абдуш Демири- Директор на Агенција за вработување.
Бројот на слободни огласени работни места во Агенцијата за вработување на дневна основа се движи од шест до сесум илјади.
„Работодавачите огласиле најмногу работни места за следниве дејности, работник на едностави работи на производствена линија, хигеничар, општ работник, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камин, обебедувач на имот и лица,ѕидарски работник, армирачки работник и други занимања“, додава Демири.
Граѓаните кои го пречекориле рокот имаат дополнителни 30 дена да се евидентираат како невработени во подрачните единици. Ако тоа не го сторат ќе бидат избришани од евиденција.
Андреа Чобанова