Вкупно 110,789 граѓани во Македонија покажале интерес за вакцинација против коронавирусот, стои на он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk. Досега во земјава се вакцинирани 5,245 лица.

Инаку, платформата е од денеска достапна и на неа може да ги пронајдете сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата.

Исто така, преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 ” vakcinacija.mk “.