Палестинските милитанти испукаа повеќе од 3.200 ракети од Појасот Газа врз Израел за време на нивната голема офанзива, соопшти израелската војска.

Од саботата наутро биле испукани 3.255  ракети, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Додека Хамас ги започна ракетните напади од Газа во саботата наутро, вооружени Палестинци напредуваа во Израел по копно, море, па дури и воздух, по што почнаа израелски контранапади.

Борбите и гранатирањето продолжија деенска. Хамас е класифициран како терористичка организација од ЕУ, САД и Израел.