Синоќа во тетовскиот Ковид центар се случи случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот беше изгаснат за неколку минути. Има и неколку повредени пациенти кои биле на лекување во тој Ковид центар, а кои се здобиле со изгореници од висок степен.
Синоќа во зградата на Општина Тетово е одржан итен кризен штаб, а утрово во 10 часот Владата најави вонредна седница за трагедијата.