Расте бројот на потврдени случаи инфицирани со Делта сојот. До денеска регистрирани се вкупно 10. Министерот Филипче вели дека според анализите, ниту едно од заразените лица не било вакцинирано против Ковид 19. Филипче вели дека не се планира некакво затворање, односно ограничување на движењето на граѓаните поради ширењето на овој сој. Комисијата за заразни болести следната недела треба да расправа дали ќе се воведе задолжителен негативен ПЦР тест за патниците кои доаѓаат од земјите каде што Делта-сојот е регистриран во поголеми случаи.