Потврдена е веста за загинувањето на висок руски воен командат во борбите во Мариупол. Заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј загинал во борбите во Мариупол, потврдуваат руски официјални лица, јавува Би-Би-Си.
Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол.
Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.
Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба.