Велешанец, кој не бил вакциниран е четвртиот пациент кој е заболен со делта сојот на коронавирусот во Македонија. Уште четворица пациенти се испитуваат и се чекаат резултатите кои ќе потврдат дали и тие се заразени со индискиот сој, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).
Филипче не ја откри возраста на пациентите и рече дека ги чекаат епидениолошките анкети.
Ниту велешанецот, ниту четворицата пациенти за кои се чекаат резултатите не се вакцинира. Пациентот во Велес засега е со лесна клиничка слика, а за другите пациенти се чекаат епидемиолошките анкети. Само еден од овие лица е со потешка клиничка слика, рече денеска Филипче.
Од претходните случаи во државата, двајца се македонски граѓани кои се вратија од Ирак и еден странски државјанин кој веднаш бил ставен во карантин. Филипче најави дека будно ја следат состојбата и за тоа ќе расправаат и на Комисија за заразни болести на која исто така ќе дискутираат и за мерки на границите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.