Фудбалерот на ПСЖ, Маркињос призна дека повеќе сака да се вози со такси отколку со неговиот автомобил.

26-годишниот Бразилец веќе неколку години го носи дресот на клубот од Париз, а своевремено беше еден од најплатените играчи на ПСЖ.

Во својата досегашна кариера, Маркињос заработи многу пари, но знаеше и добро да се почести. Тој потроши скоро 200.000 евра на Ферари 458 Италија, но овој автомобил најмногу собира прашина во гаражата.

Бразилецот призна дека претпочита да се вози во такси отколку да биде зад воланот на неговото Ферари.

„Не сакам да возам затоа што ми е досадно. Купив Ферари кога пристигнав во ПСЖ и вистината е дека го користам многу ретко. Повеќето фудбалери доаѓаат на тренинг во своите автомобили, но јас не го правам тоа. Повеќе сакам да земам такси“, вели Маркињос и додава:

„Го користам Ферарито само кога излегувам со семејството или пријателите. Кога станав професионалец, секогаш сакав да имам сопствен автомобил и кога купив Ферари си реков ‘Тоа е тоа, ти го стори тоа’. Но, јас не уживам во тоа баш како што мислев“.

loading…