Централната власт ја нема потребната волја за спроведување на реална децентрализација, оценува Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Перишиќ коментира дека ентузијазмот којшто го имала пред неколку години веќе го нема.

„Во 2005-тта кога почнавме со процесот и потоа 2007-ма кога почна тој таканаречен втор процес на децентрализација, имав многу верба, дека ќе направиме чудо, дека ќе станеме познати по тоа дека сме направиле страшно успешна децентрализација…сега веќе го немам тој ентузијазам. И мислам дека реална волја кај Централната власт да направат децентрализација не постои во онолкава количина колку би било нормално да постои“, вели Перишиќ.

– Advertisement –

Прикажи повеќе