Од 1993 година, со одлука на Организиацијата на обединети нации (ООН) 22 март се одбележува како Светски ден на водата. Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG) 6: вода и санитација за сите до 2030-та година.
Покрај тоа, особен фокус за значењето на питката (слатката) вода, преземање на активности за справување со глобалната криза за вода и подигнување на свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода.
Потребни се приближно 50 литри вода на ден на човек за да се задоволат повеќето основни односно секојдневни потреби.
Постои глобална хигиенска криза!
40% – или три милијарди луѓе – од глобалното население живее без основни уреди за миење раце со сапун и вода достапни дома.
Една од шест здравствени установи на глобално ниво нема хигиенска услуга, што значи, 1 од 10 пациенти добива инфекција! Нема хигиенски средства за рацете на местата за грижа, како и вода и сапун во тоалетите.
2,2 милијарди луѓе или тоа значи 1 од 3 луѓе користат извор на вода за пиење контаминиран со измет, што ги става во опасност од заразување со колера, дизентерија, тифус, детска парализа и низа други болести!
Се проценува дека најверојатно ќе се зголеми конкуренцијата за вода меѓу различни сектори и ескалација на кризи за вода од различни видови, предизвикувајќи итни случаи во низа сектори зависни од вода.
Клучен фактор за управување со ризици како што се глад, епидемии, нееднаквости и политичка нестабилност.
Дали сте сигурни дека до 2050-та година нема да сте еден од околу 3 милијарди луѓе кои ќе живеат во места со потенцијален ризик за недостиг на вода?
12% од светското население пие НЕБЕЗБЕДНА вода!
Како што расте бројот на светското население, така и побарувачката секој ден се зголемува.
А дали сте размислиле за влијанието на климатските промени врз ВАШАТА вода?
Да, промоцијата на хигиената е најисплатлива здравствена интервенција!
НАД половина од светското население немаат безбедни санитарни услови!
Што би значело безбедни санитарни услови?
Тоа значи дека 673 милиони луѓе практикуваат отворена дефекација.
Скоро половина од училиштата во светот немаат уреди за миење раце со вода и сапун.
Дали знаете за трагичната судбина на околу 300 000 деца?
800 деца под 5 годишна возраст умираат секој ден од дијареални болести поради лоши санитарни услови, лоша хигиена или небезбедна вода за пиење.
Дали сакате да бидете меѓу денешните 207 милиони луѓе кои поминуваат над 30 минути пат за да дојдат до вода од подобар извор?
извор: Институт за јавно здравје
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.