Во рамки на тридневната посета во Турција заедно со градоначалничката на град Скопје, госпоѓа Данела Арсовска и господин Хусрев Емин, претседател на МАТУСИТЕБ (Сојуз на турски невладини yорганизации во Македонија) се оствари плодна средба со градоначалникот на град Коња, господин Угур Ибрахим Алтај, со кој беше потпишан и меморандум за соработка.
Во таа насока, противпожарната единица на Град Скопје ќе добие противпожарно возило како печат за започнување на оваа соработка. Значаен придонес од билатералната соработка ќе има и ЈП Комунална хигиена, преку размена на искуства и зајакнување на логистичните и техничките капацитети.
Oваа почетна придобивка е доказ за другите последователни придобивки кои произлегуваат од билатералните соработки кои се многу значајни за граѓаните.