Компанијата Преспафиш со 22 риболовци е новиот концесионер на Преспаското езеро . министерот за земјоделство Арјанит Хоџа го доставил договорот на Преспафиш за трговско риболовство во зоната за риболов како и организирање рекреативен риболов во рекреативната зона.Со ова ќе се овозможи заштита на рибните резерви како и економска искористеност на одржлив начин, рече министерот.

Концесионерот ќе треба да работи врз основа и во согласност со одредбите од законот за риболов и аквакултура. Управителот на Преспафиш рече дека е среќен што конечно езерото Преспа се враќа во рацете на риболовците кои најдобро ја знаат неговата вредност.

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски вели дека целата постапка била транспарентна и дека концесионерот ги исполнува сите услови за потпишување на договорот.

Како концесионер за комерцијален и рекреативен риболов, Преспафиш ќе биде задолжен да организира чуварска служба за рибите, преку лиценцирани лица за одржување на чуварите на риба, а како обврска во делот на рекреативниот риболов ќе треба да се грижат и за редовно обновување на рибниот фонд во водите за риболов.

Инаку езерото Преспа претставува важно водно живеалиште и е прогласено за природен споменик.