Директорот на неактивната нуклеарна централа „Чернобил“ Валери Сеида изјави дека не може да се одреди степенот на радијација што ги погодил руските војници додека ја окупирале таа територија.
„Окупаторите не копале ништо во реонот на самата станица, но се кренала густа прашина додека поминувале тенковите и честичките од радијацијата во неа можеби влегле во телата на војниците преку нивните бели дробови“, вели Сеида.
Тој додава дека не е јасно што правеле руските војници во контаминираната зона позната како Црвена шума, и не ја исклучи можноста тие да биле изложени на значително зрачење.