Некогаш имаме чувство дека постојано ни е ладно и дека никако не можеме да се затоплиме, иако температурата не е толку ниска.

Ескпертите имаат одговор на прашањата во врска со чувството на студ.

Според зборовите на професорката Рошина Рај, на чувството на студ може да влијае ниското ниво на телесни масти бидејќи тоа делува како некој вид изолација.

Исто така тука се уморот и дехидрацијата. Уморот доведува до забавување на метаболизмот, а со самото тоа и за слабеење на циркулацијата, а водата му помага на телото во задржување и побавно ослободување на топлина.

Други можни причини за зачестено чувство на студ се ниското ниво на железо и витамин Б12.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.