Постигнат е напредок и прогрес во разговорите и работата на мешовитата историска комисија. Оваа информација ја споделија историчарите од Бугарија пред денешниот состанок, објави Сител.

За кои точно историски личности станува збор и каде е точно напредокот официјално ќе споделат денес по завршувањето на средбата. Она што е сигурно и извесно е дека темата Цар Самоил е завршена, договорено е негово заедничко чествување, додека пак темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот.