Министерството за образование и претставниците на Сојузот на средношколците постигнаа компромисно решение за начинот на полагање на државната матура.
МОН велат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, никој нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити.
„Уште утре Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови, по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура и матурантите ќе бидат навремено информирани за направените промени, со цел успешно да се подготват за престојното полагање на испитите“ велат од МОН.
Тие потсетуваат дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година.
Сојузот на средношколци потврди дека решението за државната матура постигнато со премиерот Зоран Заев е прифатливо со дополнителни три услови.