Под здравствени протоколи, со задолжителен документ за ковид-19, како за студентите, така и за професорите, со физичко присуство, по речиси 19 месеци, од денеска постепено се отвораат универзитетите во Грција.

Advertisements

Иако за денеска беше закажан официјалниот почеток на академската година, сепак, дел од Универзитетите, од кои два во Солун, два во Атина и еден на Лезбос, како и неколку Факултети соопштија дека почетокот го одложуваат за една седмица за подобро да се подготват за спроведување на здравствените протоколи.

Прикажи повеќе