Раиф Мифтари – посредникот кој средувал лажни македонски пасоши за криминалци од регионот, сам се предал во затворот Шутка, дознава Алсат. Мифтари беше во бегство од 6 – ти април кога полицијата ја спроведе акцијата „Двојник“.
Дека Мифтари веќе е во притвор ни потврдија и од истражниот затвор „Шуто Оризари“. Иако тој е веќе зад решетки на страната на МВР, се уште стои дека по Мифтари полицијата трага со меѓународна потерница.
Шест лица завршија во притвор, за тројца беа одредени поблаги мерки, додека едно лице беше веќе во Шутка поради малверзации со издавање лажни возачки дозволи.
Додека Мифтари беше во бегство, обвинителството за организиран криминал ја заврши истрага и поднесе обвинение за 11 лица кои со години издавале пасоши притоа користејќи идентититети на македонски државјани кои живеат во странство и немаат извадено македонски пасош. Судењето за „Двојник“ е закажано за 5 – ти мај.