Доколку ви е потребен брз и лесен рецепт за божиќен десерт, ви ги препорачуваме овие магични чоколадни бомбици со лешници и суво овошје…

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 100 гр лешници
  • 100 гр суви смокви
  • 100 гр бисквити
  • 50 гр суви кајсии
  • сок и кора од 1/2 портокал
  • посно чоколадо

Начин на подготовка:

Шеќерот растопете го на тивок оган со 2-3 лажици вода. Почекајте да ја промени бојата и да почне да карамелизира. Откако ќе стане проѕирен тргнете го веднаш на страна. Во него додадете малку изрендана кора од портокал.
Смоквите и кајсиите исецкајте ги на ситни коцкички или ставете ги во блендер, па додадете го сокот од портокал. Откако убаво ќе ги измешате, додадете ги во растопениот шеќер. Додадете ги мелените лешници и бисквити и соединете. Откако ќе ја соедините сместата, декорирајте со чоколадо по желба.

На здравје!