Германската инфлуенсерка Јоси Марија почина на 24-годишна возраст, за време на годишниот одмор на Канарските Острови.

Младата девојка беше позната по тоа што со своите 135 илјади следбеници отворено споделувала за проблемите што ги има со исхраната и постојаната борба со анорексијата.

На крај, нејзиното тело веќе било толку истоштено што не можела да издржи.

Пиеше само две кафиња и тоа едвај. Покрај тоа, ми рече дека два дена не може да јаде ништо, изјавила нејзината пријателка Вања Росова за германски DE24 News.

Ноќта пред несреќата отишле во кревет, но утрото кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала.

Јоси имала голема поддршка од интернет заедницата затоа што отворено зборувала за тоа како неуспешно се обидела да се избори со анорексија и на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.