Скоро девет милиони луѓе го гледале новогодишниот говор на германската канцеларка Ангела Меркел на телевизија во четвртокот, што беше нејзино последно обраќање како канцелар.

Шеснаесеттиот новогодишен говор на германската канцеларка по вечерните вести го следеле 4,49 милиони гледачи на каналот АРД, а други 4,33 на ЗДФ.

За споредба, минатата година канцеларката ја слушаа околу 5 милиони граѓани.

“Федералните избори, на кои нема да се кандидирам, ќе се одржат за девет месеци. Ова е веројатно последен пат што ви се обраќам како канцелар со новогодишен говор”, рече Меркел.

Германските демохристијани (ЦДУ), моментално најпопуларната партија во Германија, допрва треба да  изберат кандидат за нејзин наследник.