На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.

Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.

„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.

Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.

Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.