Кај пост-ковид синдромот нема орган којшто не е зафатен и врз кој нема краткотрајни или долготрајни последици. Не е само да се излечи вирусот, туку треба да се има предвид дека последиците кои ги остава тој вирус се катастрофални. Ова го истакна д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ24, а како што додаде, ситуацијата со коронавирусот е смирена, но заразата не е комплетно исчезната.
Нема орган којшто не е зафатен кај пост-ковид синдромот, а најголем процент од зафатеноста е врз белите дробови. Вирусот проаѓа, но тоа ткиво не може да се врати во нормала. Ако претходно сме имале 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, тој капацитет по прележувањето на короната е намален. Човек којшто не може да внесе доволно кислород, полесно се заморува и потешко дише. Исто така, кај голем број пациенти има воспаление на срцевиот мускул. Оние пациенти коишто прележаа ковид-19 имаа проблем со регулација на шеќерот, односно ако претходно било доволно 12, 16 или 18 единици да се регулира шеќерот, сега се потребни многу повисоки дози. Уште една работа која треба да се спомне е тоа што повеќе студии докажаа дека кај пациенти со прележана корона, бројот на активни сперматозоиди е петкратно намален. Ако претходно имале еден милион, сега имаат 200.000 – објасни д-р Беќаровски.
Тој, меѓу другото, посочи дека во моментов во земјава доминира стомачен вирус и дека клиниките се преплавени со таа патологија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.