Пријавувањето за мито во Скопје, доведе до поттикнување на пријави и во другите градови. Едно лице познато на редакцијата, вели дека во Тетово бил жртва на корупција. Тарифата за полагање на возачки испит за категорија Б е 300 евра, сума која не била доволна во овој случај. Како резултат на заканите, вели дека оваа сума на пари ја предало на медијатор, знаејќи дека тие завршиле во автошкола и во регионалниот Авто испитен центар во Тетово.
„Јас сум од Тетово, во мојот град на возачки испит, на крај се плаќа 300 евра во сите автошколи колку што слушнав. Но, сега има некои автошколи кои зимаат дури и по 350 евра. Мојот син зема дозвола пред две години и плати 300 евра. Законот е ова, плаќаш се што е регуларно, и кога ќе стигнеш на крај или 5 пати ќе те бутнат, или плаќаш 300 евра. Немаше време синот, сакаше да оди во странство, не можеше да чека 5 пати за градска, и од таа причина се задолжив и платив ”
Од авто-школите во Тетово не сакаа да зборуваат отворено пред камерите за оваа појава. Во меѓувреме, според поранешниот раководител, Здружението на инструктори не функционира веќе две години. На екипата на ТВ Алсат не и беше дозволено да снима на градскиот полигон. Кандидатите кои се пред да добивање возачка дозвола не зборуваат, затоа што стравуваат дека уште повеќе ќе им се одолжи добивањето на возачката дозвола. Од друга страна, сообраќајните експерти велат дека кандидатите кои не се подготвени, и добиваат дозволи со „врски“, претставуваат ризик во сообраќајот.
Веќе неколку дена ТВ Алсат известува за пријави за земање мито, за добивање на возачки дозволи. Во Скопје, веќе неколку лица случаите ги пријавиле во Обвинителството. Според некои кандидати и инструктори во Скопје, по 200 евра е вообичаена тарифа за категорија Б, и 300 за категоријата Ц.