Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 1,50 денар/литар и ќе се продава по цена од 68,50 ден/литар.
Малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,50 ден/литар.