Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,50, Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 78,00 денари за литар.
За 0,722 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,988 денари.