Во светот храната поскапува веќе десет месеци по ред.
Најголем раст има кај млечните производи, месото и растителните масла, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Најголем раст од 3,9 проценти на месечно ниво има кај млечните производи во март. Пораснале и цените на млекото во прав, поради зголемената побарувачка за увоз во Азија, особено во Кина, но и намалување на производството во Океанија и недостигот на достапни контејнери за испорака во Европа и Северна Америка.
Минатата година, цените на месото скокнале за 2,3 проценти во споредба со февруари. Состојбата е таква поради зголемените квоти на живина и свинско месо, но и поради зголемениот кинески увоз и продажба на пазарот во Европа пред Велигден. Цените на маслото од растително потекло беа повисоки за 0,8 проценти во март отколку во февруари, достигнувајќи десетгодишен врв.