Полицијата ги известува граѓаните на Скопје дека од утре, сабота, до понеделник, поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.