Посебен безбедносен план е изготвен за Сашо Мијалков во затворот во „Шутка“. Како што вели директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски, ова се прави за да не дојде до некаков инцидент.

-Апсолутно ве уверувам дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица. Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави денеска Спасовски, кој денеска, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор Скопје до правосилноста на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“.