Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на Европската Унија.
Дали тоа за Македонија, ќе значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите, кои заглавија поради блокадата од Бугарија, ќе видиме во следните месеци.
Во рамките на посетата на Хрватска, вчера претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека добрата вест е што претседателството на Португалија со ЕУ конечно заврши.
Денеска, пак, за време на воведното обраќање на билетарналната деловна средба на која во фокус се инвестициите во соработка со Хрватска трговска комора, порача дека годинава може да ги започнеме преговорите со ЕУ.
-Корупцијата треба да ја сведеме на минимум за да може да привлечеме странски инвестиции. Мислам дека оваа година може да ги започнеме преговорите со ЕУ, рече Пендаровски во своето воведно обраќање
Дека деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ и дека тоа е „морално прашање“, минатиот месец најави словенечкиот претседателБорут Пахор.