Постојаниот претставник на Португалија во европските институции, амбасадорот Нуно Бриту смета дека нема потреба да се брза со нови заклучоци на Советот на ЕУ за прашањето за проширувањето.
Бриту тврди дека не е правилно да се обвинува Бугарија за попречување на процесот затоа што Софија го поддржува проширувањето на ЕУ. Амбасадорот посочи дека е неопходна едногласност при донесувањето одлуки во оваа област, а дискусиите за проширувањето продолжуваат на високо политичко ниво.
Спопред него, Португалија во идните шест месеци ќе работи на подобрување на односите со Африка, воведување нови правила на ЕУ за миграција, како и усвојувањето на новиот европски буџет.