
Фудбалската Федерација на Португалија официјално објави дека се разделува со селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош. 68-годишниот стратег заминува откако националниот тим на Португалија беше елиминиран од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Сантош беше назначен за селектор на Португалците во 2014 година и под негово водство тие ги освоија единствените два меѓународни трофеи. Во 2016 година, Португалија стана европски шампион, победувајќи го домаќинот Франција со 1:0 во финалето. Во 2019 година, тимот го освои првото издание на Лигата на нации.