„Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава“ – изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.
Тој најави дека португалското претседателство преку разговори со двете страни ќе настојува да се надминат недоразбирањата меѓу Скопје и Софија.
Сега имаме нова ситуација – прашањата поставени од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите и на Северна Македонија и на Бугарија. Бидејќи е многу важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна. Кога тоа ќе се направи, лесно може да се разбере дека постои заедничка основа врз која може да се работи“, – истакна шефот на дипломатија на Португалија
Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио, истакна дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство.