Португалија ги враќа ограничувањата откако странски туристи предизвикаа зголемување на нови инфекции со ковид-19, само еден месец откако државата дозволи патувања. Новите мерки ќе бидат воведени во регионот на Лисабон и во туристичкиот Алгарве Албуфеира, познат по плажите.

Advertisements

Властите се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата што е можно повеќе за да се ограничи ширењето на инфекцијата. Повеќе од половина од случаите во Лисабон се од варијантата делта, која е раширена во Велика Британија. Португалија беше единствената европска земја што се отвори за британските туристи со негативен тест против ковид-19.

Од 15 часот денеска до 6 часот наутро в понеделник, луѓето мораат да покажат негативен тест или потврда за вакцинација за да влезат и да го напуштат Лисабон.

Ресторани, кафулиња и продавници за храна во Лисабон и Албуфеира ќе бидат отворени до 15:30 часот за време на викендите, а супермаркетите и продавниците за храна – до 19 часот.

Прикажи повеќе