Портрет од Зоран Заев е поставен во Владата по неколку дена од неговото заминување од премиерската функција.
ТВ21 известува дека владините служби направиле реконструкција на распоредот на премиерскиот ѕид, а последното место е резервирано за поранешниот претседател на Владата.
Портретот на Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат и е последниот во низата.
Во неделата пред полноќ Собранието ја изгласа новата Влада во која Димитар Ковачевски го менува Заев како премиер.