Наум Стоилковски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упадна на прес-конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ, со прашањата: „Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче? Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или во повеќе банки?
Стоилковски се вмеша во прес-конференцијата на Каевски кој бараше одговорност од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, по признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“.
Каевски ги игнорираше прашањата на Стоилковски