Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко вели дека неговата земја „очекува покана“ за НАТО и оти сака „безбедносни гаранции“.

-Очекуваме покана, а членство, се уште. Затоа што треба да работиме многу со реформи, со градење… со зајакнување на нашиот безбедносен механизам…, но во исто време сакаме безбедносни гаранции, изјави Порошенко за Скај њуз.

Тој додаде дека „разбира дека сега не е реално“ за полноправно членство, но рече дека на неговата земја и треба датум кога треба да се исполнат условите.

Потенцијалното членство на Украина во алијансата беше во центарот на разговорите на дводневниот самит на НАТО во Литванија.