Шпанската Влада донесе закон со кој секој сексуален чин без согласност се дефинира како силување. Овој закон е дел од законодавната ревизија што ги заострува казните за сексуално вознемирување и наметнува дополнителни програми за поддршка на жртвите.
Британските медиуми потсетуваат дека новиот закон се носи пет години по случајот, што во јавноста беше познат како „ волчји чопор“, кога пет мажи силуваа 18-годишно девојче за време на Трката со бикови во Памплона, што предизвика негодување во јавноста и ги поттикна апелите за реформира на законот за сексуално насилство.
Овој нацрт-закон сепак мора да добие „зелено светло“ на парламентот, што се очекува до крајот на годината.
Законот, заснован на моделот „да значи да“, што секое сексуално дело без согласност го квалифтикува како силување, Шпанија ќе ја стави „рака под рака“ со 11 други европски земји, вклучувајќи ги Шведска, Португалија и Велика Британија, кои користат слични законски дефиниции.
-Тоа што новиот закон го прави е жртвата да ја стави во центарот на јавниот одговор, изјави портпаролот на владата, Марија Хесус Монтеро, додавајќи дека тишината и пасивноста не значат согласност.
Според сегашниот закон, сторителот мора да употреби физичко насилство или заплашување со цел нападот да се квалификува како силување.
Навредите и уличното вознемирување, кои според сегашниот закон се сметаат за прекршоци, сега ќе станат кривични дела.
Групното силување ќе се смета за отежнувачки фактор, што вклучува затвор до 15 години, а исто така се планира отворање на 24-часовна телефонска линија за давање помош во случај на сексуален напад.