Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз го завршија натпреварувањето по групи, но ги продолжуваат натпреварите од Европската ракометна лига.
Битолчани вечерва во швајцарскиот град Шафхаузен беа совладани од домашниот тим Кадетен со 29:26 (16:12) во натпревар без реални шанси за изненадување со што останаа на 4. место на табелата во групата „Д“ со 11 освоени бодови, зад ГОГ Гудме со 12, Кадетен со 14 и Рајн-Некар Левен со 17 бодови.
Во тимот на Кадетен Шаффхаузен најдобар беше Барок со 7 постигнати голови, а исто толку кај битолчани постигна босанскиот интернационалец Периќ.