Вредноста на биткоинот утрово повторно е во пораст, по вчерашнииот пад, откако американската компанија за електронско и мобилно плаќање „Сквер“ (Square) објави дека купила од оваа криптовалута за 170 милиони долари.
Вредноста на биткоинот утрово се зголеми за 7,5 отсто и достигна цена од 50.683 долари, а во еден момент се тргуваше и за 51.369 долари.
„Сквер“ објави дека вчера купил 3.3118 биткоини по просечна цена од 51.235 долари.
Раст е забележан и кај другите криптовалути односно вредноста на етреум е зголемена за 11,3 проценти, а на ХРП за 7,4 отсто.
Вредноста на биткоинот денеска е зголемена за 70 проценти во споредба со почетокот на 2021 година, а во изминатите 12 месеци забележа раст од 400 отсто.