
По поразот на парламентарните избори тензиите во опозициската Демократска партија се зголемуваат. Членовите кои се против лидерот Љуљзим Баша инсистираат на промена на челната позиција. Меѓу оние кои го бараат тоа е и поранешниот претседател на државата, Бујар Нишани, според кого, барањето за смена на Баша расте бидејќи партијата им припаѓа на членството и на албанските граѓани. Едит Харџи пак, наведе дека Баша досега загубил четири избори. Раководството на Демократската партија пред неколку денови одлучи на 13 јуни да се одржат избори за нов лидер.