Поранешното момче на Меган Маркл, Џошуа Силверстејн, вели дека не верува дека таа некогаш малтретирала членови на персоналот, посочувајќи дека неговата претпоставка е дека таа одбила да „се однесува во согласност со очекувањата“ и отворено се побунила против непочитувањето што го доживеала.
Актерот од Лос Анџелес кој се забавувал со Маркл во нивните тинејџерски години за „US Weekly“ изјави дека не верува дека Меган ги малтретира вработените во кралското семејство.
Неколку дена пред интервјуто со Опра Винфри, странските медиуми пишуваа дека членови на персоналот во Лондон имале „трауми“ од однесувањето на 39-годишната Маркл, која наводно ги „малтретирала“.
Силверстејн со кого Маркл го имала својот прв бакнеж на 13-годишна возраст вели дека не верува во тие обвинувања.
„За неа знам дека се води од чувството дека треба да работи за да биде среќна и за да успее да преживее во систем кој најверојатно не бил премногу добар со неа, имајќи го предвид фактот која е и од каде доаѓа“, вели тој.
„Кога жените со потемна боја на кожа се борат за себе и зборуваат против опресијата и недостатокот на почит кон нив, честопати мажите со посветла кожа тоа го доживуваат на негативен начин, бидејќи всушност тие не сакаат да се зборува за такви теми“, посочува Силверстејн.
„Како да се очекува од луѓето да го знаат своето место и секогаш кога не постапуваат соодветно, тоа се смета за проблем“, заклучи тој.
Силверстејн, кој е среќно оженет и е татко на две деца, вели дека се сомнева во идејата дека интересот на медиумите за Меган и принцот Хари ќе „исчезне“ со нивното преселување во САД.
Имено, Маркл била „многу тажна поради послединте обвинувања, особено затоа што и самата била мета на насилство и е многу посветена на обезбедување поддршка на оние кои доживеале болка и траума“.
Бакингемската палата во моментов ги испитува обвинувањата за наводното непристојно однесување на Меган кон вработените.