Андриј Наумов, поранешен генерал на украинската Служба за безбедност (СБУ), осомничен дека ѝ доставувал чувствителни информации на Москва, кој избега од Украина само неколку часа пред почетокот на руската инвазија, сега е во Виена и снима споротви за руски државен медиум, објави „Киев пост“.

Наумов се поврзува со долгорочното планирање на инвазијата, во координација со руските безбедносни служби. Пред да пристигне во Австрија, престојувал во Србија. Австрија засега не презема конкретни чекори.

Рускиот медиум „НТВ“ му посвети 40-минутна емисија, со интервјуа снимени на повеќе локации во Виена.

Наумов некогаш важеше за близок соработник на Иван Баканов, пријател од детството и поранешен директор на СБУ. Сега е обвинет за перење пари и измама, а украинските власти побараа негова екстрадиција.

Дополнително, се тврди дека одиграл клучна улога во предавањето на нуклеарната електрана во Чернобил на руските сили, додека бил директор на државната компанија задолжена за управување со зоната на исклучување. Според украинскот Државно истражно биро, Наумов собирал информации за безбедносните системи во Чернобил и ги пренесувал на Русија.

Наумов ја напуштил Украина во конвој возила, носејќи големи суми готовина и скапоцености. Во јуни 2022 година бил уапсен во Србија, на границата со Северна Македонија, заедно со германски државјанин со украинско потекло. Во возилото биле пронајдени 600.000 евра, долари и скапоцени камења. Осуден е на една година затвор за перење пари, а пуштен е во јануари 2024.

Украина побара негова екстрадиција, но и Русија покажала интерес.

Австриските власти засега не коментираат. Министерството за правда потврди дека е примено барање за екстрадиција, но судското рочиште сè уште не е закажано. Безбедносните служби одбија да дадат дополнителни информации.

Текстот Поранешниот украинскиот генерал, Андриј Наумов, избеган неколку часа пред почетокот на војната, во Виена снима видеа за Русија е превземен од МАКФАКС.