Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил Рено 4 стар 32 години и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот.

„„Катра“ за добра цел“ е слоганот под кој Пахор објавува како тече ауцијата. Засега највисоката понудела цена за олдтајмерот од 1991 година, кој е во одлична состојба, понудил извесен Миха Пишкур, кој на децата болни од рак сака да им помогне со 40.000 евра. Сепак, до 15 февруари, додека трае аукцијата, се очекува „Катра“ да достигне и повисока цена со оглед на тоа дека има заинтересирани, а и парите одат во хумани цели.

Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе им ги дадам на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.

Автомобилот има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.

Како тече аукцијата и колкава цена ќе достигне „Катра“ можете да следите на Инстаграм профилот на поранешниот словенечки претседател.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.