Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.

Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.

Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.

„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.

Примање мито за големи проекти
Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва.

фото: епа

Текстот Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор е превземен од МАКФАКС.