Поранешниот приватен готвач на британското кралско семејство го откри рецептот за омилениот десерт на војвотката од Кембриџ.
Кејт Мидлтон (39) води сметка за исхраната и не јаде многу слатки, но постои еден десерт на кој после вечерата, војвотката од Кембриџ, не може да му одолее.
Станува збор за традиционален британски десерт „Леплив пудинг од карамела“, но треба да се истакне дека зборот не значи исто во Англија како и кај нас. Имено, станува збор за чоколаден колач, која се прави со урми, а преку него оди богат прелив од карамела.
Состојки:
- 6 урми без коски исечени на осум парчиња
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 врела вода
- 60 гр путер
- 170 гр шеќер
- 225 гр црно чоколадо
- 1 јајце
- 230 гр брашно
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
- Подгответе го сосот со додавање на шеќер, путер и слатка павлака.
- Гответе на средна температа, мешајќи постојано додека сè не се соедини и шеќерот не се карамелизира.
- Поделете го преливот на два дела, а потоа истурете еден дел на дното на садот во кој ќе го печете колачот и оставете го да се излади.
- За колачот, прелијајте ги сецканите урми со топла вода, додадете содабикарбона, добро измешајте и оставете да отстои додека не се излади. Овој чекор можете да го направите и еден ден однапред.
- Во посебен сад со миксер изматете ги шеќерот и путерот, па додадете ги јајцето и ванилата и миксирајте уште малку.
- Измешајте го брашното со прашокот за печиво, па додадете го во изматената смеса и измешајте сè.
- Додадете ја и смесата со урми и истурете го добиеното тесто во сад за печење.
- Покријте го плехот со хартија за печење или фолија.
- Печете на 180 степени околу 30 минути, или додека чепкалката заглавена во средина не излезе чиста.