Поранешниот руски репрезентативец и играч на Тотенхем, Роман Павличенко се наоѓа во сериозни финансиски проблеми.
Павличенко неодамна се најде на суд како обвинет, односно против него е поднесена тужба поради 400 евра бидејќи не ги платил сметките за струја и вода.
Павличенко во својата кариера заработи милиони евра играјќи за екипи како Тотенхем, Локомотив Москва, Куба… но, сето тоа усепа да го прококца и сега едвај преживува.
Поранешниот напаѓач е најзаслужен за големиот успех на Русија на Европското првенство 2008 година кога „зборнаја“ на крајот го освои третото место.