Рејмон Доменек пред крајот на минатата година беше назначен за тренер на францускиот прволигаш Ница, а на почетокот од оваа година со една изјава ја шокира светската фудбалска јавност.
Доменек кој беше и селектор на Франција со која играше во финалето на СП 2006 година, запрашан дали има новости, односно дали планира засилувања во зимскиот преоден рок, тој ги шокира новинарите.
– Би сакал да го донесам Марадона, но тој е мртов… Така е како што е. Преодниот рок за мене, но и за други тренери е непријатен период. Тоа е период кога ја разбиваме постоечката група со носење на фудбалеи кои не играле во некој друг тим. Преодниот рок во кој ќе донесете квалитетен фудбалер е добар, но јас секогаш сум резервиран кога станува збор за трансферите во зимскиот преоден рок – изјави Доменек.