Поранешниот амбасадор на Ватикан во Франција, Луиџи Вентура денеска во Париз е осуден на условна казна затвор од осум месеци поради сексуален напад врз петмина мажи во 2018 и 2019 година, додека ја извршуваше својата дипломатска должност.

Кривичниот суд во Париз го прогласи поранешниот свештеник (76) за виновен по сите обвиненија, по што тој треба да плати 13.000 евра за нематеријална штета и 9.000 евра за судски трошоци.

Аферата што изби во февруари 2019 година, меѓу бројните католички сексуални скандали, ja натера Светата Столица да го укине имунитетот од апостолскиот нунциј, прв ваков случај во модерната историја на Ватикан, пренесува Дојче веле.

Запознајте ја Наталија Гарибото – моделот што го „стресе“ Ватикан по објавата дека папата Франциск „лајкувал“ нејзини фотографии на Инстаграм

Истрагата започна по извештајот на градското собрание на Париз кога еден од вработените се пожалил дека во три наврати, за време на церемонијата, кардиналот го допирал по задникот.

Потоа уште четворица мажи пријавија слично однесување на Луиџи Вентура во периодот помеѓу јануари 2018 и февруари 2019 година. 

Извор: МИА

Ватикан: Поранешниот папа бил предупреден дека тогашниот надбискуп Теодор Мекарик се однесувал на сексуално непримерен начин